Голманот на Арсенал, Петр Чех, по поразот од Челзи во финалето на Лига Европа, рече дека не треба да се очајува.

Тој, иако претходно најави, рече дека не размислува за крај на неговата кариера.

– Лесно е да се каже дека останавме без ништо. Го загубивме финалето и сме без трофеј. Сепак, можам да ве уверам дека работата не прави силни. Сакав да го подигнам трофејот, но не успеавме. Сепак, не треба да паднеме во очај. Верувам во овој Арсенал, изјави Чех. Што се однесува до мојата иднина, треба да седнам и да размислам. Сè уште сум фудбалер на Арсенал и нема да избрзувам со носењето одлуки, истакна Чех.

Арсенал не успеа да избори учество во Лигата на шампионите следната сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2019 14:38