Серхио Рамос останува во Мадрид и сака да ја заврши кариерата како фудбалер на Реал, пишува денеска шпанскиот „Ел Чирингито“.

Рамос конечната одлука да остане во кралскиот клуб, според истиот извор, ја донел по средбата со претседателот на мадридскиот клуб Флорентино Перес.

Имено, капитенот на „кралевите“ му се заблагодарил на првиот човек на клубот поради можноста да се разјасни целата приказна, додека Перес изразил задоволство што фудбалерот останува на Бернабеу, каде во иднина го гледа како лидер на неговите играчи.

Инаку, минатата недела се шпекулираше дека капитенот на екипата од метрополата би можел да ја напушти Шпанија и кариерата да ја продолжи во Кина. е



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2019 17:50