Фудбалската федерација на Македонија беше домаќин на регионален семинар на кој учестуваа претставници од четири фудбалски асоцијации на Германија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Косово, како и претставници на клубовите од Прва МФЛ и НВО „Мобилност“ и Националната спортска асоцијација за глуви.

На семинарот за развој на улогата на лицата од клубот надлежни за обезбедување пристап на лицата со инвалидност, учесниците работеа на развој на поинклузивни услови и услуги за лицата со инвалидитет во сферата на фудбалот.

Воведно обраќање пред присутните имаше генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски истакнувајќи дека ФФМ нуди полна поддршка и прави напори да се овозможат сите услови за вклучување на лицата со инвалидност во фудбалската игра.

На работниот дел од семинарот федерациите ги разменија своите искуства во областа, а клубовите дискутираа за своите идеи за понатамошен развој, а предавање за проектите на ФФМ во поглед на инклузивноста имаше Ирена Бакревска Милошевска, национален координатор за лице од клубот кое ќе им овозможи пристап на стадионите на лицата со инвалидитет.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2019 17:59