Фудбалерот на Манчестер Сити, Лерој Сане нема да замине во Баерн Минхен и покрај вртоглавата понуда на Баварците.
Според „Скај Џермани“, Баерн во намера да го донесе Сане во Минхен, испратил понуди и до Сити, но и до самиот фудбалер.
Понудата до „граѓаните“ достигнува бројка од 80 милиони евра, додека на 23-годишниот фудбалер му е понуден договор од пет години вреден 10 милиони евра по сезона.
Германскиот репрезентативец дојде во Манчестер во 2016 година од Шалке за 50 милиони евра. Тој досега постигна 39 голови на 133 натпревари, а само минатата сезона постигна 16 голови на 47 натпревари.