Веќе станува јасно дека искусниот Маурицио Сари ќе застане на кормилото на Јувентус, по неуспешниот состанок со управата на Челзи кои не го прифатија неговиот единствен услов за останување на Стенфорф бриџ.

Според британски медиуми, 60-годишниот тренер на управата на лондонскиот клуб им ја претставил неговата визија за во иднина и побарал од клубот да го поддржат во јавните настапи, како и да го заштитат кога ќе се најде на мета на критичарите, нешто што челниците на Челзи го одбиле.

Сари имаше одлична сезона со Челзи, го освои третото место во Премиер лигата, големиот трофеј на Лига Европа, но исто така често беше на мета на критичарите, како и на навивачите кои често и му свртуваа грб, особено по болниот пораз 6:0 од Сити.

„Газете дело спорт“ пишува дека веднаш по состанокот Сари отпатувал во Торино каде следните денови ќе го преземе Јувентус, кој ќе плати пет милиони евра за последната година од неговиот договор со англискиот клуб.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2019 16:36