Поранешната фудбалска легенда на Челзи, Френк Лампард ќе го наследи Мурицио Сари на клупата на лондонскиот клуб.

Управата на клубот смета дека Френки ќе биде вистинското решение за клубот од Стенфорд бриџ, особено по добрите резултати што тој ги постигна изминатава сезона како тренер на Дерби каунти.

Лампард со Каунти успеа да стигне до доигрувањето за Премиер лигата, каде што беше поразен од Астон Вила.

Лондонскиот клуб смета дека нивната поранешна легенда успешно ќе ги води „сините“ во следната сезона, но по се изгледа Лампард нема да биде единствениот од златната генерација кои се враќаат на Стенфорд бриџ. Поранешниот легендарен голман и икона на Челзи, Петр Чех се враќа во улога на спортски директор.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2019 17:23