Може ли да се замисли фудбалски клуб да го освои купот, деветтото место во првенството и сепак да испадне од лигата. Таков е случајот со најкомплицираното фудбалско првенство, аргентинското, односно со фудбалскиот клуб „Тигрес“.

Ваквата комплицирана ситуација е резултат на тоа што во аргентинската лига се користи посебен систем на пресметување на бодовите, според кој се гледаат сите резултати во последните три години.

Според тие резултати, Куп победникот на Аргентина следната сезона ќе игра во Националната Б лига, а под знак прашалник е и нивниот настап во континенталното натпреварување поради правилото на „Конмебол“ – во Копа не може да учествува второлигаш, иако досега имало шест исклучоци.

Инаку, „Тигрес“ во неделата на финалето на аргентинскиот куп ја порази Бока Јуниорс со што се избори за групната фаза на „Копа либертадорес“.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2019 19:54