Барселона официјално го претстави новиот дрес со кој каталанскиот клуб следната сезона 2019/20 ќе играат на Камп ноу.

По прв пат во историјата на клубот, играчите ќе играат во дрес со шаховница, сличен на хрватскиот дрес, само што кај Каталонците коцките ќе бидат со црвена и сина боја.

Шпанските медиуми веднаш направија анкета со навивачите на Барселона, а според резултатите произлезе дека огромен дел од нив не ја одобруваат одлуката на управдата за новиот дизајн.

Инаку, познато е дека уште од основањето во 1899 година, дресот на овој великан бил со вертикални црвено-сини пруги



Автор: Администратор
Објавено на: 04/06/2019 15:58