Фудбалскиот стратег, Луис ван Гал сподели мислење дека фудбалерот на Ајакс Матаис де Лихт би одговарал идеално на стилот на игра Манчестер Сити.
Деветнаесет-годишниот дефанзивец е меѓу трансфер целите на Барселона. Се тврди дека интерес за него пројавуваат уште Реал Мадрид, Јувентус, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и ПСЖ.
– Матаис де Лихт би одговарал идеално на Манчестер Сити, рече Ван Гал и додаде: „Венсан Компани си замина, а Николас Отаменди не е доволно добар. Јас би сакал да го гледам до Ајмерик Лапорт“.
Запрашан сепак да ја коментира можноста Де Лихт да стане дел од Барселона, Ван Гал изјави: „Тој би можел да игра за Барса или Сити. Во тој случај, го претпочитам Гвардиола пред Меси“.