Фудбалерот на Барселона, Серхио Бускетс, членот на Реал Мадрид, Тони Крос и Иван Ракитиќ од Барселона се лидери во бројот на точни додавања во Лигата на шампионите во сезоната што заврши.
Од 995 „пасови“ 927 на Бускетс беа точни, Крос има 641 прецизно од 692, додека на трето место во рангирањето е Ракитиќ со 854 точни од 927 обиди.
Овие статистички индикатори ги објави Европската фудбалска федерација на својот Твитер.
Трофејот во Лигата на шампионите го освои Ливерпул по победата над Тотенхем со 2:0.