Португалскиот фудбалски стручњак, Жозе Мурињо изрази респект кон резултатите што ги постигна Ливерпул оваа сезона под водство на Јирген Клоп, но не е убеден дека Германецот е најдобар.
Победникот е победник. Не можам да кажам дека сум изненаден од Клоп, бидејќи го познавам долго време. По секој неуспех, тој не се откажа, продолжи да оди напред. Загуби во финалето на Лигата на шампионите минатата година, ФА купот, го изгуби првенството од Манчестер сити, но не се откажа. Сепак, не можам да кажам дека тој е најсилниот тренер на сезоната, но секако е еден од најдобрите, изјави Мурињо.
Ливерпул под водство на Клоп ја освои Лигата на шампионите победувајќи го во финалето Тотенхем со 2:0.