Баерн Минхен ја отфрли опцијата да го задржи Хамес Родригез на трајна основа, изјави директорот на клубот, Карл-Хајнц Румениге.

Играчот од средниот ред ги помина последните две сезони во Минхен како позајмен од Реал Мадрид, при што германските шампиони ја имаа можноста да го откупат за 42 милиони евра до 15-ти јуни. Сепак, самиот играч инсистираше на тоа дека ова не треба да се случи.

– Одлуката е донесена. Хамес дојде кај мене и ме замоли да не ја активирам клаузулата. Тоа е причината зошто нема смисла да го чуваме. Хамес сака да игра редовно, но ова не му е загарантирано. Јас лично жалам за ова, изјави Румениге за „Спорт Билд“.

И без тоа индикациите беа дека Баерн нема да ја искористи клаузулата, бидејќи во вториот дел од сезоната тренерот Нико Ковач не сметаше на него.

Едвај сепак колумбискиот репрезентативец ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“, бидејќи таму тренер е Зинедин Зидан, заради кого тој си замина.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/06/2019 18:27