Рахим Стeрлинг освои три титули со Манчестер Сити во Англија, но е амбициозен да ја заврши сезоната и со трофеј со репрезентацијата.

Четвртата репрезентација на листата на ФИФА ќе игра во Лигата на нациите во Португалија, а нивниот прв ривал е Холандија во полуфиналето.

– За нас овој турнир е многу важен. Има нешто што сакам да го освојам со Англија, во националниот дрес, а тоа е трофеј. Имаме огромна можност да го направиме тоа, но знаеме колку тешко ќе биде. Ако го освоиме овој трофеј, тој ќе ни помогне во претстојните турнири – европското и светското првенство. Кога чеосвоиш еден трофеј, веќе не се чувствуваш под огромен притисок и донекаде е полесно, изјави напаѓачот на Сити за официјалната веб-страница на УЕФА.

Холандија и Англија се среќаваат утре, 6 јуни од 20,45 часот



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2019 08:38