Првиот човек на македонскиот фудбал, Муамед Сејдини му честиташе на Џани Инфантино за реизборот на чело на ФИФА.
Тој сподели дека администрацијата на светската централа досега постигнала исклучителни резултати и успеси во досегашните проекти под раководство на Швајцарецот.
-Во име на ФФМ и мое лично би сакал да му честитам на изборот на Џани Инфантино и да посакам многу среќа и успех во работата. Не се сомневам дека во тоа ќе има полна поддршка од Извршниот комитет на ФИФА, како и од членките асоцијации на Светската фудбалска асоцијација, меѓу нив, секако и Фудбалската федерација на Македонија. Џани се докажа како исклучителен лидер на ФИФА, заедно со неговиот тим и администрацијата на ФИФА постигнаа одлични резултати и успеси во проектите и убеден сум дека во таа насока ќе продолжи, вели Сејдини, цитиран од ФФМ.