Кристијано Роналдо со три постигнати погодоци во полуфиналето против Швајцарија (3:1), ја однесе Португалија во финалето од Лигата на нации.

– Многу сум среќен што и помогнав на Португалија да стигне до финалето на Лигата на нациите! Честитки момци. Благодарам на португалските навивачи за фантастичната поддршка. Напред Португалија, напиша Роналдо на Инстаргам.

Во финалето, Португалците ќе играат со победникот од натпреварот Холандија – Англија, кој ќе се игра вечер од 20:45 часот.

Финалето е предвидено за 9 јуни.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2019 12:32