Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси ги искажа своите видувања за претстојните настапи на неговата репрезентација во Купот на Америка.

-Ние се приближуваме кон турнирот со иста возбуда и став како и обично, но реалноста е дека тимот сега поминува низ генерациски промени. Аргентина, како и секогаш, оди да го освои трофејот. Можеби нашите шанси се пониски отколку во претходните години, но сакаме да ја освоиме Копа Америка, изјави Меси.

Турнирот ќе се игра во Бразил од 14 јуни до 7 јули. Аргентина ќе игра во групата Б заедно со Колумбија, Парагвај и Катар.

Во рамките на подготовките за турнирот, Аргентинците в сабота во Сан Хуан ќе одиграат пријателски натпревар со Никарагва.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2019 13:52