Шампионите на Африка Есперанца ќе треба да го вратат пехарот и медалите откако Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ) го поништи финалниот реванш натпревар на Лигата на прваци меѓу Есперанца и Видат Казабланка.

Есперанца на реваншот водеше 1:0 до 59 минута кога настана хаос, по изедначувањето на Казабланка, но главниот судија го поништи голот,откако неговиот помошник сигнализираше офсајд.

Главниот судија отиде да ја погледне спорната ситуација на ВАР но тој не работеше, а бидејќи снимката не можеше да се види, фудбалерите на Видат одбиле да го продолжат натпреварот, па истиот беше прекинат речиси 80 минути.

Откако мароканските фудбалери одбија да го продолжат натпреварот, судијата отсвири крај на истиот и победата и трофејот им беа доделени на Есперанца.

Сепак, извршниот одбор на ЦАФ донесе одлука дека поради нерегуларни услови во кои се играло финалето, истото ќе треба да се повтори на неутрален терен, а фудбалерите на Есперанца треба да ги вратат трофејот и медалите.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2019 18:20