Мастеркард ја откажа рекламната кампања со фудбалската ѕвезда Нејмар откако жена го обвини дека ја силувал во хотел во Париз, објави денеска бразилскиот дневен весник О Естадо де Сао Пауло.
Мастеркард во соопштение вели дека ја суспендира соработката со Нејмар се додека „ситуацијата не се расчисти“.
Нејмар ги отфрли обвиненија за силување и тврди дека жената се обидува да изнуди пари од него.
Таа вчера на бразилската телевизија изјави дека фудбалерот ја силувал.
Во полицискиот извештај се вели дека жена го обвинува Нејмар (27) дека ја силувал во хотел во Париз минатиот месец.