Манчестер сити планира ново засилување за следната сезона, овој пат тоа е Жоао Кансело од Јувентус, за кого е подготвен да плати 50 милиони евра.
Оваа информација во јавноста ја пласираше новинарот на „Мундо депортиво“ Франциско Агуилар кој додаде дека на одлуката на Кансело да замине во Манчестер, влијаел неговиот репрезентативен колега и еден од најдобрите играчи на Сити, Бернардо Силва.
Доколку оваа информација е точна тогаш Кансело ќе биде второто португалско засилување кај „сините“ за оваа сезона, откако претходно „АС“ ја објави веста за трансферот на младиот Жоао Феликс за 120 милиони евра .
Кансело минатата сезона одигра 34 натпревари за Јуве, забележа осум асистенции и постигна еден гол.