Се чекаат уште резултатите од лекарскиот преглед за Фердинанд Менди, па да се стави потпис на договорот со Реал, вреден 50 милиони евра.
Иако од финансиски аспект е постигната согласност за фудбалерот на Лион, да го облече дресот на „кралевите“, сепак Реал ќе почека на резултатот од прегледот да се увери во здравствената состојба на левиот француски бек, кој минатата сезона имаше проблеми со повреди.
Инаку, Лос бланкос веќе го соборија рекордот на трошења за засилувања од 2009 година, бидејќи трансферите во овој летен преоден рок може да ги чинат до 600 милиони евра.