Адвокатот на Надџила Триндаде, која го обвини напаѓачот на ПСЖ и бразилската репрезентација Нејмар за силување и напад, објави дека неговиот клиент добила телефонски закани од „влијателни луѓе“, објавија тамошните медиуми.

– Веќе добила телефонски повик и порака дека нема да продолжи долго. Се јави познат адвокат кој се занимава со кривични предмети во Бразил и се закани дека ќе заврши во затвор, информира адвокатот на бразилскиот модел.

Претходно, Триндаде, поднесе изјава до полицијата, со обвинување до 27-годишниот фудбалер дека ја силувал на 15 мај во хотел во Париз. Подоцна во медиумите имаше информации дека таа го промени своето сведоштво.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2019 13:11