Манчестер Јунајтед официјално објави дека е постигнат договор со Свонси за трансферот на крилото на велшкиот тим, Даниел Џејмс. Според информациите во различни медиуми, договорот е вреден 15 милиони фунти и уште три во форма на различни бонуси.
Џејмс вчера помина медицински прегледи во тимот, потоа се приклучи на репрезентацијата на неговата земја. Самиот играч не го потпишал својот личен договор со „црвените ѓаволи“, што најверојатно ќе се случи следната недела, кога отвора трансфер прозорецот за сите клубови.
Играчот е и првото ново засилување на Јунајтед за ова лето, а исто така и откако на чело на тимот застана Оле Гунар Солскјер. Различни медиуми во Англија јавуваат дека на „Олд Трафорд“ очекуваат уште најмалку две нови имиња да се приклучат на клубот пред почетокот на подготовките за новата сезона на први јули.