Првиот човек на ФК Шкендија, Висар Беџети денеска се сретна со неговиот колега од Јувентус, Андреа Ањели, при што ја искористи можноста за разменување на идеи со еден од најголемите клубови во светот.
Средбата се одржа претпладнево во рамки на Генералното собрание на Европската асоцијација на клубови ЕЦА (European Club Association) што се одржува во Малта, каде покрај големите европски клубови учествуваа и претставниците од Македонија, Шкендија и Работнички.
Шампионот на Северна Македонија последниве две години ја освојува шампионската титула во домашната фудбалска елита и веќе трета сезона по ред игра во плеј оф натпреварите на УЕФА, така што е редовен учесник на Собранието на ЕЦА.
Деновиве во Малта се одржува Генералното посебно собрание, на кое се одржа дискусија и размена на гледишта меѓу членовите на оваа асоцијација во насока на развојот на УЕФА натпреварите за клубови по 2024 година.