Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели ќе се сретне со сопственикот на Лацио, Клаудио Лотито на Малта, за да преговараат за трансферот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ во италијанскиот шампион, соопштува „Кориере дела Спорт“.

Јуве е фаворит за потписот на Србинот и е многу веројатно халфот да ги засили „бјанконерите“ во текот на летото.

Некои италијански изданија дури тврдат дека Милинковиќ-Савиќ веќе ги договорил личните услови со Јувентус.

Ањели и Лотито ќе бидат во Малта за состанокот на Европскиот клубски асоцијации.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2019 00:04