Директорката на Челзи, Марина Грановскаја, се збогува со белгискиот фудбалер Еден Азар, кој официјално се пресели во Реал Мадрид.

„Со тага се разделуваме со Азар откако направивме се што можеме за да го задржиме. Моравме да ја почитуваме неговата одлука. Тој се соочува со нов предизвик во друга земја и ќе го исполни својот детски сон – да игра за Реал, сподели рече Грановскаја.

„Сеќавањата што ги остави Азар нема да исчезнат. Тој донесе многу победи и среќни моменти на сите што го сакаа Челзи. Ние сме му благодарни. Еден беше пример за време на целиот свој престој во клубот. Тој е неверојатен човек со кого е задоволство да се работи. Со нетрпение очекуваме повторно да го видиме Азар на „Стемфорд Бриџ“, додаде директорката.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2019 12:53