Суперѕвездата на Португалија, Кристијано Роналдо се надева дека тимот ќего освои утрешниот судир со Холандија од Лигата на нациите и така да освои нов трофеј.
Тој победи со „морепловците“ на ЕП 2016 по победата со 1:0 над Франција по продолженија, а на ЕП 2004 загуби во финалето со истиот резултат од Грција.
– Кога ќе го облечам дресот на националниот тим, тоа е огромна чест за мене и чувството е поинакво од тоа да играм за клупски тимови. Ова е нашата земја: моето семејство се Португалци, акко и пријателите со кои пораснав. Јас пораснав во Португалија, па затоа е посебно да се носи националниот дрес. Исто така е јасно дека шансата да се борам за трофеи го прави ова уште поспецијално – како што беше на ЕП 2004 и ЕП 2016, така и во овој турнир. Три финалиња и се надевам дека ќе освоиме две од три. Тоа би било фантастично и имам вера, тимот исто така. Ние сме позитивни, играме дома. Се надевам дека стадионот ќебиде полн и ќе има добра енергија. Таа да биде насочена кон нас и сите да бидат убедени, бидејќи ќе се обидеме да го дадеме најдоброто од себе. Заедно можеме да станеме шампиони, изјави Кристијано пред официјалниот сајт на УЕФА.
Напаѓачот импресионира со три гола во полуфиналето против Швајцарија, а веќе има 88 гола за својата татковина и 53 „хет-трика“ во целата кариера.
– Ова се должи на мојата подготовка и мојата работна етика. Се уште се чувствувам добро на 34 години. Најважна е мојата глава – да се чувствувам мотивиран и среќен, како и да го следам патот на играч, бидејќи мислам дека се уште имам уште многу што да дадам и се чувствувам многу добро. Холандија е одличен тим. Тие играат прилично добро. Ги гледав во последните нивни натпревари, имаат одличен состав со големи играчи – млади и поискусни фудбалери што го прави тимот посилен. Знаеме дека ќе биде многу тежок противник, но мислам дека и за Португалија и за Холандија, финалето е такво, додаде тој.