Извршиот директор на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд може дополнително да го привлече гневот на фановите на клубот. Според „Мирор“, непопуларниот лидер се колеба дали даде свој благослов за да се оствари договорот, што ќе ја донесе ѕвездата на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш на „Олд Трафорд“.

Дваесет и четири-годишниот играч од средниот ред беше еден од најимпресивните играчи во изминатата сезона 2018/2019. Тој постигна 32 гола и 18 асистенции во 53 официјални натпревари на сите фронтови (20 гола и 13 асистенции во 33 шампионатни дуели). Подемот на плејмејкерот логично му помогна да влезе во националниот тим на „морепловците“.

Голем број тимови ја следат ситуацијата околу Фернандеш, вклучувајќи и директни конкуренти како Ливерпул, Манчестер Сити и Тотенхем. Оле Гунар Солскјер би бил воодушевен од привлекувањето на фудбалер од калибарот на Португалецот, но сè може да пропадне поради Вудворд.

Португалското издание „О`Жого“ исто така ја поддржува тезата дека директорот на „црвените ѓаволи“ е главната причина за одложувањето на преговорите. Шефот бил вознемирен од фактот дека ќе треба да потроши огромна сума на пари за играч кој се уште не се докажал на највисоко ниво. Вудворд во никој случај не би сакал да се повтори фијаското со Алексис Санчез, кој пристигна со големи очекувања и заработува вселенски 500 илјади фунти неделно, додека во исто време придонесот му е речиси нула.

Како и да е, агентот на Фернандеш денеска ќе лета во Лондон и не е јасно дали причината е средба со Вудворд или друг потенцијален купувач.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2019 13:07