Лекарот на бразилската репрезентација, Родриго Ласмар смета дека постојаните проблеми на Нејмар со неговиот десен глужд се должат на неговиот стил на игра.

– Кршењето на метатарзалната коска и исчашувањето на зглобот на глуждот немаат директна врска меѓусебно. Сепак, тие доаѓаат од истите дејства. Прво, тој ја скрши метатарзалната коска и ги оштети лигаментите на зглобот. Сега, со истото движење, со лошата среќа и неговиот стил на игра … тој е фаулиран, се штити, се обидува да ја избегне повредата и завршува со исчашен глужд. Овој пат ништо не се случи со неговата коска, но тој има проблем со лигаментите, рече Ласмар за „Глобоеспорте“.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2019 19:56