Шпанската фудбалска федерација во лицето на својот претседател Лиус Рубиалес, повика УЕФА да го додели финалниот натпревар на Лига Европа во 2021 година во Севиља во спомен на починатиот фудбалер Хозе Антонио Рејес.

Поранешниот играч почина на возраст од 36 години како резултат на сообраќајна несреќа на 1-ви јуни. Автомобилот на Рејес излета од патот, се преврте и потоа се запали.

Во соопштението се вели дека Шпанската федерација би сакала да биде домаќин на финалето на Лига Европа 2021 година да биде „Рамон Санчез Писхуан“. Во февруари УЕФА објави дека Тбилиси и Севиља ќе спорат за домаќинството на финалната средба.

Рејес игра во Севиља во 1999-2004 година и 2012-2016 година и ја освои три пати Лига Европа (2013/14, 2014/15, 2015/16 година). Тој, исто така, стана шампион на Англија со Арсенал, го освои Шпанскиот шампионат со Реал Мадрид. Тој два пати ја освои Лигата на Европа и со Атлетико Мадрид.

Како дел од шпанската репрезентација (до 19 години) стана шампион на Европа во 2002 година. Има 22 натпревари и 4 гола за сениорите.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2019 20:04