Филипе Кутињо ги критикуваше своите настапи во дресот на Барселона минатата сезона. Плејмејкерот, кој се приклучи на тимот од Ливерпул минатото лето за 142 милиони фунти, имаше потешкотии во однос на формата и во последно време се шпекулира дека е пред напуштање на „Камп Ноу“.
Според информациите, неколку водечки екипи од Премиер лигата се заинтересирани за услугите на Бразилецот, вклучувајќи Манчестер Јунајтед, а и ПСЖ во Франција.
Котињо инсистира на тоа дека треба да игра подобро.
– Немав добра сезона. Моите перформанси минатата сезона беа далеку полоши од очекуваното. Единствениот начин да се подобрам и да ја вратам повторно самодовербата е преку напорна работа, и јас работам напорно, изјави тој за „Марка“.
Кутињо одигра добри натпревари со екипата на Бразил и капитенот на „Селесао“, Тиаго Силва го повика да го поведе тимот во отсуство на Нејмар, кој отпадна од составот за Копа Америка поради повреда на глуждот.
– Кутињо имаше тешка сезона во Барселона. Очекувањата кон него беа високи и повеќе пати тој беше исвиркуван од фановите на трибините, но во нашиот тим тој е еден од лидерите, особено во отсуство на Нејмар. Во двете пријателски средби кои ги одигравме, тој беше најдобар на теренот за нас – не само поради пасовите и головите, но и поради неговата игра во одбраната. Тој повторно се насмевнува и среќен е. Јас исто така сум среќен за него и не се грижам да коментирам за неговото претставување, бидејќи сме многу блиски, изјави капитенот на „кариоките“, Тиаго Силва.