Тренерот на Манчестер јунајтед Оле Гунар Солскјер смета дека не е неопходно да го ангажира Герет Бејл од Реал Мадрид.

Според пишувањата во англиските медиуми, 46-годишниот Норвежанец планира да го подмлади составот на “црвените ѓаволи” и поради тоа се откажал од Бејл.

Претходно беше објавено дека 29-годишниот Велшанец нема да го напушти мадридскиот клуб во летниот трансфер прозорец.

Договорот на Бејл со Реал се пресметува до 30 јуни 2022 година. Минатата сезона тој настапи на 42 натпревари за шпанскиот тим, постигна 14 гола и забележа шест асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2019 18:15