Голманот на Порто, Икер Касиљас, кој претрпе инфаркт за време на тренингот на 1 мај, не ја потврди или негираше веста за крајот на неговата кариера.

Триесет и осумгодишниот Шпанец преку Твитер соопшти дека утре ќе се знае повеќе за неговата фудбалска иднина.

– Сега немам нови вести во споредба со она што го објавив пред еден месец. Само треба да се забележи дека утре имам консултации со лекар, објави Касиљас.

Претходно во медиумите се појавија шпекулации дека Касиљас денес ќе го објави своето пензионирање.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2019 18:31