Каталонскиот весник „Спорт“ ги објави наводните плати кои три водечки европски клубови му ги нудат на Матаис де Лихт.

Од Ајакс се подготвени да прифатат понуда од околу 70 милиони евра и нема да му наметнуваат на својот дефанзивец со кого да потпише. Де Лихт и неговиот агент, Мино Рајола, мора да одлучат во која насока да се свртат.

„Камп Ноу“ е подготвен да даде 6 милиони евра (нето) на 19-годишниот фудбалер. Париз Сен Жермен предлага двојно повеќе – 12 милиони евра, додека италијански Јувентус подготви договор за 10 милиони годишно.

Барса нема намера да ја подигне понудата за холандскиот репрезентативец, и тој веќе не верува дека играчот ќе го претпочита проектот на „лос кулес“.

Според „Спорт“, од Барса веќе сметале дека Де Лихт е испуштена шанса, откако Рајола веќе водел преговори во Париз.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2019 14:44