Во Приштина денеска, од страна на косовскиот министер за спорт Кујтим Гаши, е претставена студијата на новиот национален стадион кој ќе биде изграден во околината на главниот град и ќе прими 30 илјади гледачи.
Според Гаши, изградбата на стадионот ќе почне за неколку месеци, а во негови рамки ќе има и базени, хотели, паркови и ресторани, а кога во него ќе игра косовската репрезентација, ќе биде осветлен со сина боја.
Претседателот на Фудбалската федерација на Косово, Агим Адеми истакна дека новиот национален стадион има голема важност за граѓаните на Косово кои го сакаат фудбалот.
А кога сме кај љубовта кон фудбалот, во Косово последниве неколку месеци преовладува вистинска фудбалска треска. Имено, репрезентацијата на оваа млада држава последните 14 натпревари ги одиграла без пораз, со што обезбедила најмалку бараж на квалификациите за Еуро 2020.