Грчкиот дефанзивен фудбалер Костас Манолас најверојатно ќе ја напушти екипата на Рома, но не и Серијата А, бидејќи се поизвесно е неговото заминување во Наполи.
Италијанскиот „Ска Спортс“ наведува дека Манолас постигнал начелен договор со Наполи и дека во следните денови се ќе биде официјално објавено за јавноста. Наводно, грчкиот фудбалер склучил тригодишен договор со Наполи за годишна плата од 3,5 милиони евра плус бонуси.
Истиот извор додава дека нема да има преговори меѓу двата италијански клуба по ова прашање, бидејќи Наполи одлучил да ја активира откупната клаузула од 36 милиони евра.
Инаку, во Наполи го гледаат Манолас како идеален партнер на Кулубали, односно достојна замена за Раул Албиола, кој замина во Виљареал.