Напаѓачот на Селта Виго, Макси Гомез, добил понуда од лондонскиот Вест Хем Јунајтед.

Како што пишува „Скај“, понудата на англискиот клуб изнесува 32,5 милиони евра плус бонуси, а истата Селта веќе ја прифатила.

Гомез беше на мета на Вест Хем и во јануарскиот преоден рок, но тогаш управата на шпанскиот клуб бараше преголема сума на пари.

Понуда за истиот фудбалер и за иста сума на пари до управата на Селта пристигнала и од Валенсија, така што челниците одлуката каде да ја продолжи кариерата му ја препуштиле на самиот играч.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/06/2019 13:14