Репрезентацијата на Уругвај забележа висока победа со 4:0 против Еквадор во 1.коло од фудбалскиот Куп на Америка.

На натпреварот одигран ноќеска во Бело Хоризонте, головите го постигнаа Лодеиро, Кавани, Суарез и Мина (автогол).

Ова беше дуел од Ц-групата во која настапуваат и селекциите на Чиле и Јапонија.

Копа Америка се одржува во Бразил.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/06/2019 18:14