Новиот спортски директор на Пари Сен-Жермен, Леонардо нема да дозволи напаѓачот Нејмар да оди во друг клуб ова лето.

Некои француски медиуми тврдат дека прашање околу заминување на Бразилецот од парискиот клуб е затворено и дека тој сигурно останува во ПСЖ.

Претходно се појавија многу шпекулации дека Нејмар во летниот трансфер прозорец ќе ја смени клупската средина со Реал Мадрид или пак би можел да се врати во Барселона.

Дваесет и седумгодишниот Нејмар во ПСЖ е од 2017 година и има важечки договор со францускиот шампион до 2022 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/06/2019 18:18