Агентот на Герет Бејл беше категоричен дека неговиот клиент не може да го напушти Реал Мадрид за изнајмување во друг клуб ова лето.
Во последниве денови, има информации дека Велшанецот може да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ без да биде продаден, но овие шпекулации беа силно негирани од неговиот агент.
– Тоа едноставно не може да се случи. Јас не мислем дека Бејл сака да оди некаде на изнајмување. Тој има прекрасен живот и дом во Шпанија. Мислам дека ќе го чини многу да замине, а кириите не се на менито, рече агентот на Герет Бејл.