Милан е блиску до договор со УЕФА, според кој нема да му биде дозволено да учествува во Лигата на Европа следната сезона.

Според „Кориере дела Сера“, италијанскиот клуб побарал да биде казнет со цел да има повеќе време да ги задоволи барањата за финансиски ферплеј.

Ако двете страни се разберат, Спортскиот арбитражен суд (КАС) ќе го потврди договорот со тоа што нема да се меша.

Се очекува дека европската фудбалска централа ќе одлучи во рок од 72 часа. Ако УЕФА се согласи со овие услови, Милан ќе може безбедно да инвестира во трансфери ова лето.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2019 19:44