Португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо кажа дека негова амбиција е во следниот период да биде селектор, а не тренер на клуб.

Мислам на Светски и на Европски првенства. Долго време имам желба да доживеам таква авантура. Токму сега се гледам во национален тим. Не сакам работа во клуб. Дали е португалскиот тим вистински предизвик и место за мене? Незадолжително, изјави Мурињо. Тој е без работа од декември минатата година кога доби отказ од Манчестер јунајтед.

Претходно „специјалниот“ беше тренер на Челзи, Реал Мадрид, Интер, Порто, Леира и Бенфика.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2019 10:42