Бразил и Венецуела одиграа без победник 0:0 во 2. коло од групната фаза на фудбалскиот Куп на Америка. Бразилците кои се домаќини на натпреварувањето и кои важеа за голем фаворит на овој дуел, постигнаа три погодоци, но сите беа поништени поради прекршување на правилата.

На десетина минути пред крајот на првото полувреме, Фирмино постигна, но беше поништен поради прекршок во моментот на приемот на топката.

„Кариоките“ ја погодија противничката мрежа двапати и во текот на второто полувреме преку Габриел Исус и Филип Кутињо, но двата гола по прегледување на видео – снимката не беа признати поради офсајд.

По две кола во А-групата водат Бразил и Перу со по 4 бода, Венецуела има 2, Боливија е без бодови.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2019 11:42