Поранешниот играч од средниот ред на Рома, Даниеле де Роси, ги одбил понудите од Милан и Фиорентина, соопшти „Спортиталија“.
Двата клуба се заинтересирани за услугите на 35-годишниот играч кој моментално е слободен агент. Но, тој им рекол дека нема да разгледува понуди од тимови од Серија „А“ поради неговата длабока почит кон „волците“.
Де Роси сега е на одмор и ќе одлучи за својата иднина откако ќе заврши.
Бока Јуниорс и ФК Лос Анџелес направија предлози до поранешниот италијански репрезентативец, но не е исклучено тој да ја заврши кариерата.