Апелационата комисија на УЕФА ги отфрли жалбите поднесени од Португалија и Луксембург, барајќи службени порази за Украина во квалификациите за натпреварите од ЕВРО 2020.

Португалија и Луксембург побараа Украинците да бидат казнети поради настапите на Жуниор Мораеш поради наводно кршење на правилата при натурализирање на странец.

Украина одигра нерешено со Португалија (0:0), а го победи Луксембург со резултат 2:1.

Според правилата на ФИФА, играчот кој го менува државјанството мора постојано да игра за клубовите во земјата најмалку пет години. Мораеш играше за украинските тимови од јули 2012 до февруари 2017 година. Во февруари, тој накратко замина на позајмица во Кина, по што се врати во Украина.

Украина по четири натпревари го зазема првото место во квалификациската група Б за ЕП 2020, со освоени 10 од можни 12 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2019 19:25