Хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ кој игра во италијанскиот Интер доби понуда од кинески клуб за договор од три сезони, вредна 36 милиони евра.

Како што пишуваат италијанските медиуми, кинескиот Шангај Шенхуа му понудил на италијанскиот Интер 25 милиони евра за Перишиќ, додека на Хрватот му понудиле тригодишен договор вреден 12 милиони евра по сезона.

Истите извори наведуваат дека италијанскиот клуб не е задоволен од понудата и бараат најмалку 35 милиони евра, но и дека и самиот Иван не воодушевен од можноста да заигра во Кина и дека повеќе преферира да замине во Премиер лигата.

Перишиќ има договор со Интер до 2022 година, а за четири години одиграл 163 натпревари и постигнал 40 голови.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2019 19:32