На фудбалскиот Куп на Америка кој се одржува во Бразил со одигрувањето на натпреварите од 3.коло во групата-Ц заврши првата фаза по која познати се осумте селекции кои ќе играат во четвртфиналето.
Тоа се двете првопласирани од трите групи, како и две репрезентации кои завршија на третото место и се со подобар биланс од другата третопалсирана.
Во четвртфиналето одат: Бразил, Венецуела и Перу (А-група); Колумбија, Аргентина и Парагвај (Б-група) и Уругвај и Чиле (Ц-група).
Ноќеска во последното коло од групата Ц, Уругвај го победи Чиле со 1:0, додека Еквадор и Јапонија ремизираа 1:1.
Во четвртфиналето ќе играат: Бразил – Парагвај (Порто Алегре, 27 јуни) Венецуела – Аргентина (Салвадор, 28 јуни) Колумбија – Чиле (Сао Пауло, 28 јуни) Уругвај – Перу (Ресиве, 29 јуни).