Легендата на Рома, Франческо Тоти, кој минатата недела се раздели со својот омилен клуб по 30 години во него, добил неочекувана понуда од Лидс. Тимот од Чемпионшип дивизијата му предложил на 42-годишниот поранешен офанзивен играч да ја обнови фудбалската кариера, која ја прекина пред две сезони.
Како што е познато, сопственик на Лидс е Италијанецот Андреа Радрицани кој лично остварил контакт со својот сонародник Тоти.
– Знам дека еден шеф на англиски тим му предложил да се врати на фудбалот. Дали тоа Радрицани? Не знам“, прокоментира поранешниот италијански репрезентативец Марко Бориело.
Пред два дена се појави информација дека Лидс упатил предлог и кон легендарниот голман Џанлуиџи Буфон, кој го напушти ПСЖ по крајот на сезоната.