Раководството на Барселона сака итно да се раздели со некои свои фудбалери, за да ја наполни својата каса, тврди „Марка“.

Според изданието, од каталонскиот клуб треба да инкасират 70 милиони евра од продажба на играчи, за да не ја завршат финансиската година во загуба. Токму затоа договорот за Јаспер Силесен ќе биде остварена како продажба и потоа ќе биде купен Нето. Така „лос кулес“ ќе земат приход меѓу 25 и 30 милиони евра за холандскиот голман и денови подоцна ќе ги вратат, за да го донесат голманот на Валенсија.

Другите играчи кои чекаат на излезот се Андре Гомеш, Рафиња и Денис Суарез.

Најблиску до разделба со Барса е Португалецот Гомеш, кој ќе биде купен од Евертон за 25 милиони евра.

Големите финансиски операции на „Камп Ноу“ ќе се извршат по 1 јули, кога почнува новата финансиска година.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2019 19:29