Поранешниот холандски репрезентативец, Ариен Робен се уште не одлучил дали да ја продолжи кариерата. 35-годишниот ветеран е слободен агент откако неговиот договор со Баерн (Минхен) истече, а интерес кон него пројавува ПСВ Ајндховен.

– Да, знам дека Марк ван Бомел сака да ме привлече. Двајцата постојано сме во контакт и тој ми рече дека вратите на ПСВ се отворени за мене. Јас сепак уште не сум решил дали да продолжам да играм, изјави Робен пред холандските медиуми.

Минатата сезона Холанѓанецот одигра 19 натпревари во Бундеслигата, во кои постигна 6 гола. Тој е поранешен фудбалер на ПСВ и ова е уште една причина да се верува дека Ван Бомел ќе успее да го убеди да се врати.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2019 09:43