Напаѓачот на Бразил и Пари Сен Жермен, Нејмар наскоро ќе објави што ќе прави во иднина и, особено, дали повторно ќе го облече дресот на Барселона. Офанзивниот фудбале ќе даде изјава по финалниот меч на Копа Америка, кој ќе се одржи на 7-ми јули.

Нејмар нема јавно да зборува за својата иднина пред да заврши турнирот, од почит кон своите соиграчи од националниот тим. 27-годишниот Неј се очекува да објави дека го напушта ПСЖ, што ќе има позитивно влијание врз преговорите меѓу ПСЖ и Барса.

Претходно овој месец, медиумите објавија дека Нејмар постигнал договор со Барселона за петгодишен договор. Најскапиот фудбалер во светот никогаш не преговарал со Барса, туку само ги прифатил условите што ги предложиле, бидејќи разбира колку е тешко за Каталонците да го остварат трансферот.

Локалниот печат тврди дека Бразилецот се согласил да добие 24 милиони евра годишно, а тоа е 12 милиони помалку од неговата плата во ПСЖ.

Тој, исто така, ќе мора да се извини на навивачите на клубот за начинот на кој го напуштил тимот пред две години. Нејмар помина четири години на „Камп Ноу“, освојувајќи ја Лигата на шампионите во 2015 и двапати Ла Лига. За овој период, тој формираше одлично трио во нападот со Лионел Меси и Луис Суарез.

Во секој случај, враќањето на Нејмар во Барселона ќе бара клубот финансиски средства од продажби. Се очекува наскоро и трансферот на Антоан Гризман да биде финализиран од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра, додека Френки де Јонг од Ајакс веќе официјално потпиша за 75 милиони евра.

Филипе Кутињо е фудбалерот кој разочара минатата сезона и се очекува голем дел од парите да дојдат токму со неговата продажба.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2019 18:55